За поддршка на имунитетот и за здрави и лесни денови! Откријте ги бенефитите на најмоќниот природен пробиотик – кефир.
Кефирот е стар напиток која потекнува од Кавказките Планини и постои повеќе од 1.000 години. Жителите на Кавказ се познати по својата долговечност и добро здравје и тоа се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир.
Вемилк Кефирот е ферментирана млечна напивка со киселкаво-освежувачки вкус, добиена со помош на култура од кефир. Освен живи култури и пробиотски габички, богат е со хранливи нутриенти, протеини и липиди, витамин Б и витамин Б9. Кефирот е неверојатно богат со минерали како: калиум, магнезиум и фосфор.
Она што го прави овој напиток поразличен, е тоа што освен бенефитите што ги има самата кефирна бактерија, тој е плус збогатен со двете пробиотски бактерии LA5 (Lactobacillus acidophilus) и BB12 (Bifidobacterium animalis subsp. lactis).
Во Вемилк направивме спој на традицијата и модерната технологија, создавајќи го најдобриот природен кефир кој ќе ви помогне во одржување на доброто здравје.
Главни фактори за одржување на човековото здравје се пробиотиците, кои се наоѓаат во цревната флора на човекот. Постојат над 400 видови, а истите се делат на „добри“ и „лоши“ бактерии и микрооранизми. Пробиотиците помагаат во зајакнување на имунитетот и дигестивното здравје, како и во борбата против бактериските инфекции.
Кефирот е богат со пробиотици и содржи три пати повеќе добри микроорганизми од јогуртот, а се смета дека е традиционален лек кој ја подобрува работата на дигестивниот тракт.
Кефирот содржи алфа хидрокси киселина, која е позната состојка во производите за нега на кожата.
Кефирот содржи хранливи состојки како биотин и фолат кои помагаат на имунолошкиот систем и пружаат заштита на клетките.
Кефирот позитивно влијае при депресија и анксиозност, стимулирајќи го лачењето на хормонот на среќа (серотонин).
Кефирот има висока содржина на протеини, што овозможува да трае чувството на ситост и да се намалат „нападите“ на глад во текот на денот.
Една чаша кефир на ден му обезбедува на организмот најмалку 30% од дневната потреба за калциум.
Индустрија за млеко Велковски ул. Гоце Делчев бр. 49 с.Кравари Битола, Р. Македонија
Vemilk © 2021 All Rights Reserved.